Connect with us

Фудбал

Премиер Лига – Преглед 7. коло

Премиер лигата знае да ни пружи одлични натпревари богати со голови, натпревари во кои шанса за гол се бара дури и во последната минута од натпреварот, а некогаш и натпревари со неочекувана разврска. Така беше и во викендов кој остана зад нас.

Седмото коло го отвориа Вест Хем и Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи на гостувањето кај Вест Хем ја имаа фаворитската улога, но не ја оправдаа и повторно ги разочараа своите навивачи со нов пораз.

Домаќинот дојде до рано водство од 1:0 уште во 5. минута со голот на Андерсон, а на самиот крај од второто полувреме, во 43. минута Линделоф ја затресе сопствената мрежа и ја зголеми предноста на Вест Хем на 2:0.

Рашфорд во 71. минута успеа да постигне во за Манчестер Јунајтед и да ја намали предноста на Вест Хем на 2:1, но само три минути подоцна, односно во 74. минута Арнаутовиќ постигнува гол и ги поставува конечните 3:1 за убедлива победа на Вест Хем.

Арсенал со 2:0 го совлада Ватфорд. Домаќинот чекаше на гол се до 81. минута кога Каткард ја затресе сопствената мрежа, а Озил со голот во 83. минута ги постави конечните 2:0.

Евертон како домаќин забележа убедлива победа на Фулам со резултат од 3:0. Домаќините во 52. минута не реализираа пенал. Сигуртсон не беше прецизен од белата точка, но затоа да пати ја затресе мрежата на Фулам од игра и тоа во 56. и 89. минута, а претходно во 66. минута и Тусон ја затресе мрежата на Фулам.

Тотенхем забележа рутинска победа од 2:0 на гостувањето кај Хедерсфилд. победникот беше решен уште во првото полувреме, а головите за Тотенхем ги постигна Кејн во 25. и во 34. минута од пенал.

Манчестер Сити на домашен терен го пречека Брајтон. Граѓаните без многу мака дојдоа до победа од 2:0 со головите на Стерлинг во 29. минута и Агуеро во 65. минута.

Лестер издвојува победа на гостувањето кај Њукасл со 2:0. Гостите со головите на Варди во 30. минута од пенал и Мегвајер во 73. минута дојдо до нови три бода.

Волвс ја запиша третата победа во Премиер лигата совладувајќи го Саутемптон со 2:0. Головите ги постигнаа Кавалеиро во 79. минута и Џони во 87. минута.

Саботата во Англија заврши со натпреварот Челзи – Ливерпул. Публиката на Стемфорд Бриџ имаше можност да гледа еден навистина квалитетен натпревар пол со шанси и по еден гол на двете страни. Еден Азар го донесе Челзи во водство од 1:0 во 25. минута, но во самиот финиш на натпреварот Ливерпул успеа да изедначи и да се врати дома со бод благодарение на прекрасниот гол на Стариџ во 89. минута.

Во неделата Барнли му гостуваше на Кардиф. Гостите со резултат од 2:1 дојдоа до нови три бода со головите на Гудмундсон во 51. минута и Воукс во 70. минута од натпреварот. Голот за домаќините го постигна Марфи во 60. минута од натпреварот.

Седмото коло од Премиер лигата ќе го затворат Бурнамут и Кристал Палас, а натпреварот ќе започне во 21:00 часот.