Connect with us

Фудбал

Прво коло и прва победа за Македонија на патот кон ЕУРО

Македонската фудбалска репрезентација ја совлата Малта во првото коло од кваливикациите за Европското првенство со 2:1

Во првото полувеме можевме да забележиме претпазлива игра на двете страни. Нашата репрезентација имаше неколку шанси за да го отвори резултатот ноп сепак на семафорот остана 0:0.

После еден час игра без голови, Елиф Елмас во 66. минута од натпреварот го отвора резултатот. Алиоски упати одличен центаршут, а Миовски со глава ја спушта топката за Елмас кој лесно ја сместува во голот на Малта за 1:0.

По самоп шест минути игра, односно во 72. минута, Барди го проигра Чурлинов кој беше прецизен и ја зголемува предноста на Македонија на 2:0.

Во самиот крај на натпреварот работите се искомплицираа за Македонија. Во 86. минута од натпреварот мешаница пред голот на Македонија, а топката среќно стигнува до Јаник кој само ја турна во голот и намали на 2:1.

Барди имаше одлична можмност да зголеми на 3:1 и да стави точка на натпреварот од слободен удар, но ја погоди пречката.

Македонија по првото коло има три бода исто колку и Англија која која издвојува победа на Италија со идентичен резултат. (2:1).