Connect with us

Фудбал

ПСЖ и Меси далеку од договор

Раководството на ПСЖ се уште не постигнало договор со Лионел Меси околу потпишувањето на нов договор.

Договорот на аргентинскиот интернационалец истекува на крајот од актуелната сезона, а иако во еден момент се мислеше дека останувањето на Меси во Париз е речиси сигурно, ситуацијата не е ни оддалеку едноставна.

„Марка“ пренесува дека сите страни се далеку од договор, а се се смени во јануари, откако Аргентинецот го освои светскиот шампионат во Катар. Пред Мундијалот се очекуваше преговорите на ПСЖ со Меси да бидат многу полесни и искусниот напаѓач да остане на „Паркот на принцовите“, но тоа се промени по Мундијалот.

Преговорите „заглавија“, се разбира, поради барањето за плата на Меси…

Хорхе Меси, таткото и агентот на напаѓачот, се сретнал со челниците на ПСЖ, но не бил постигнат договор. Се очекува наскоро повторно да седнат на маса.

35-годишниот фудбалер постигна 18 гола со 17 асистенции на 31 натпревар за „светците“ во сите натпреварувања оваа сезона.