Други спортови
Расел одговори на навредите: Па, нема да го пуштам само затоа што е Макс Верстапен!
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел и актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен од Ред Бул, вербално се судрија по спринт финишот за Големата награда на Азербејџан. Верстапен го нарече Расел идиот, откако младиот Британец му го оштети автомобилот во еден свиок и рече дека ќе му возврати исто. Расел му одговори во интервју за официјалните канали на Формула 1.
„Бев изненаден. Мислев дека доаѓа да каже “добра борба”. Јас бев внатре, тој веќе ја изгуби својата позиција, бев изненаден што се обиде да се бори однадвор. Уште како осумгодишници во картинг, нè научија дека ако сте внатре на врвот на аголот, тоа е вашиот агол. Ако се обидете да се борите однадвор, ризикувате. Јас сум тука да се борам и да победам. Јас сум нема да му дозволам да ми помине и да му мавтам само затоа што е Макс Верстапен во Ред Бул“, рече Расел.
И покрај оштетувањето на неговиот болид, Верстапен подоцна успеа да си ја врати позицијата од Расел и да го заземе третото место, додека младиот возач на Мерцедес ја мина целта на четвртото место. Победи Серхио Перез, а втор Шарл Леклер.