Connect with us

Фудбал

Реал му создава гужва на Модриќ со рекорден трансфер. AС: Плановите на Реал остануваат исти

Белингем (19) е на прагот на трансфер во Реал Мадрид, потврди денеска Фабрицио Романо . За англискиот играч за врска Реал на Борусија Дортмунд ќе и плати над 120 милиони евра колку што е неговата цена на Трансфермаркт. Доаѓањето на Белингем ќе создаде метеж во средниот ред на мадридскиот тим.

Ветераните Лука Модриќ (37) и Тони Крос (33) се уште чекаат нови договори, а нивните стари истекуваат летово. Модриќ имаше важна средба со Флорентино Перез во Валдебебас, пишува Ас. Истиот извор додава дека доаѓањето на Белингем не го менува планот на Реал со Модриќ и Крос околу продолжување на договорите.

Гужва во средниот ред

Ас тврди дека се е договорено помеѓу Реал и двајцата прекалени играчи од средниот ред. Слична е ситуацијата и со Дани Себаљос, кому Реал исто така му понуди нов договор. Сепак, нема да застанат на овој трансфер – мадридскиот клуб планира за 40 милиони евра да го доведе офанзивниот играч за врска на Селта, Габри Веига (20).

Покрај наведените играчи за врска, Карло Анчелоти на располагање ќе ги има и одличните и скапо платени Французи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени. Шпанските медиуми додаваат дека Чоамени не е загрижен за својата позиција и дека важи за недопирлив во хиерархијата на Реал.