Фудбал
Реал официјално го коментираше скандалот со Барселона: „Ќе учествуваме во овој процес“
Откако Реал Мадрид во сабота свика кризен состанок поради обвинението кое обвинителството го покрена против Барселона, денеска Кралскиот клуб излезе со официјално соопштение во врска со случувањата во шпанскиот фудбал. За потсетување, Барселона е обвинета дека во периодот од 2001 до 2018 година му платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија.
Негреира, пак, наводно ги делегирал судиите одговорни за Барселона и гарантирал дека тие ќе судат за неа. Барселона призна дека уплатила дел од споменатата сума на сметката на компанијата на Негреира, но тврдеше дека од неа барала само видео компилации од судиските перформанси. Дури 18 од 20-те клубови од Ла Лига преку заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради откривањето на нечесните постапки во Барселона, а Реал сега се огласи самостојно.
„На денешниот состанок, извршниот одбор на Реал ги дозна деталите за обвинението против Барселона и нејзините двајца претседатели, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел и поранешните директори Алберто Солер и Оскар Грау за нивната вмешаност во потенцијална корупција во фудбалот.
„Реал Мадрид изразува длабока загриженост за сериозноста на обвинувањата и има целосна доверба во правните институции и, за да ги заштити сопствените интереси, ќе учествува во постапката и ќе се стави на располагање веднаш штом судиите ги повикаат оние кои се потенцијално оштетени. “, објави Реал Мадрид.