Фудбал
Родригез го напушти Олимпијакос
Хамес Родригез, колумбискиот репрезентативец повеќе не е член на Олимпијакос.
Најавен како големо засилување на црвено-белите од Пиреја, Родригез не ги исполни очекувањата ниту на управата, ниту на навивачите.
Поради ова, дојде до меѓусебен прекин на соработката. Колумбиецот сега е слободен играч на пазарот.
Тој во Атина пристигна на почетокот на оваа сезона и на 19 натпревари пет пати се запиша во листата на стрелците. Последната капка беше поразот со 2:0 од големиот ривал Панатинаикос, а црвено-белите имаат минимални шанси да ја одбранат титулата во Грција.
Во Европа, Родригез играше за Порто, Монако, Реал Мадрид, чиј играч беше шест години, Баерн и Евертон. Пред да дојде во Олимпијакос беше член на катарскиот Ал Рајан.
James Rodriguez has parted ways with Olympiacos. Contract terminated with immediate effect — as Colombian star leaves the club. 🚨⚪️🔴🇨🇴 #transfers
James will now be available as a free agent on the market. pic.twitter.com/X7zuOU2rRC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 13, 2023