Connect with us

Фудбал

Родриго: Би сакал да го носам бројот 10 на Модриќ кога ќе замине

Бразилскиот напаѓач Родриго (22) би сакал Лука Модриќ да остане уште една година во Реал Мадрид, а потоа да го преземе дресот со број 10 од него. Родриго во седата го одигра 150. натпревар за Реал и учествуваше во победата над Барселона во полуфиналето на купот.

„Да бидам искрен со вас, би сакал да го носам бројот 10. Ќе разговарам со Модриќ за тоа. Сакам Лука да остане уште една година, па кога повеќе не е тука, би сакал да го носам тој дрес“, изјави Родриго со бројот 21 на грбот во обраќањето до медиумите. Модриќ (37) чиј договор истекува за три месеци и Родриго се во блиски односи.

Капитенот на хрватската репрезентација е 15 години постар од него, па се нарекуваат „татко“ и „син“. Родриго зборуваше пофални за Модриќ во декември во пресрет на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил, а Модриќ го тешеше својот млад соиграч по изведувањето пенали.

Во средата навечер заедно со соиграчите го прославија влезот во финалето на Купот на Шпанија со победа на Камп Ноу, со која го надополнија поразот од 0:1 во првиот меч. Модриќ го носи бројот 10 на грбот од летото 2017 година, кога клубот го напушти колумбискиот офанзивен играч за врска Џејмс Родригез. Модриќ претходните пет години во Реал го носеше бројот 19.

Десетката со години важеше за несреќен број во „кралскиот клуб“ бидејќи многу играчи пред Модриќ, меѓу кои и Џејмс, имаа пех, одиграа неочекувано слабо или разочарани си заминаа од „Сантијаго Бернабеу“.