Фудбал
Рома го искористи киксот на миланските екипи, големо славје на Верона
Се одиграа уште два натпревари од 29. коло во Серија А. Рома на гости го совлада Торино со 1:0, додека Верона и Сасуоло ремизираа 1:1.
Екипите од Милано освоија само по еден бод против Салернитана и Емполи, Аталанта е поразена на домашен терен, а меѓусебно си ги одмеруваат силите Лацио и Јувентус. Некој мораше да го искористи тоа. И тој некој е Рома.
Вучица победи во Торино со минимален резултат и се врати на местата кои водат во Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Пауло Дибала од пенал во осмата минута. Од тој момент имаше уште неколку обиди, но само уште еден удар кон противничкиот гол. Не беше претерано убава игра, но најважно за Мурињо е што трите бода завршија во Вечниот град.
Натпреварот Верона – Сасуоло имаше нешто повеќе содржина. Гостите поведоа во 34. минута преку Харуи. Домашната екипа која и гореше под нозете сепак успеа да дојде до пресврт во луда завршница.
Најпрво во 84. минута израмни Чекерини. Во петтата минута од судиското надополнување гол за големи три бода постигна репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Милан Ѓуриќ.
коил9иклоиклоико9иоко9ко9коукјо98уккоикоуиујкиујк