Фудбал
Рома киксна со Болоња. Се подалеку од Лигата на шампионите
Фудбалерите на Болоња и Рома одиграа 0:0 во 35. коло од италијанскиот шампионат. Рома е шеста со 59 бода, два помалку од петтиот Милан, еден повеќе од седмата Аталанта и е се подалеку од Лигата на шампионите, каде на крајот би можела да се пласира со освојување на Лигата на Европа. Болоња е 11-та со 47 бодови.
Во првиот неделен натпревар од 35. коло, фудбалерите на Торино предводени од хрватскиот стручњак Иван Јуриќ ја совладаа Верона на гостински терен со минимални 1:0. Јунак на победата на Торино беше хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ, кој беше единствениот стрелец. Во 29. минута Влашиќ ја прими топката од Санабрија на 20 метри од противничкиот гол и силно шутираше со левата нога.
Топката влета во мрежата без вистинска реакција на домашниот голман за 1:0. Ова беше петти првенствен гол на Влашиќ за Торино оваа сезона, но и прв во календарската 2023 година. Последниот го постигна на почетокот на ноември минатата година.
Верона се обидуваше да дојде до израмнување или целосен пресврт, но не успеаја во тоа. Така и понатаму ќе стравуваат за својот прволигашки статус, моментално се на 17. место, последно во зоната за испаѓање. Оваа победа го искачи Торино на осмото место во поредокот.