Connect with us

Фудбал

Романо: Модриќ ги одби најголемите понуди во историјата поради Реал

Лука Модриќ (37) го продолжи договорот со Реал на уште една сезона. Тој ќе остане во најголемиот клуб до крајот на јуни 2024. Реал ова официјално го соопшти денеска на четири дена пред истекот на неговиот претходен договор. Модриќ на тој начин останува во клубот во кој освои се од 2012 година и за кој одигра 488 натпревари.

Фабрицио Романо, најсигурниот извор од пазарот на фудбалери, го коментираше потписот на Модриќ на следниов начин:

„Модриќ неодамна ги доби некои од најраскошните понуди во историјата на фудбалот од Саудиска Арабија. Тој ги одби сите само од една причина: тој сè уште сака да игра, да се бори и да победува во Реал, клубот на неговиот живот. Понудите кои Модриќ ги одби од Арабија беа навистина луди“.