Фудбал
Роналдо со оваа фотографија кажа што мисли за наградата на ФИФА која не ја доби
Изгледа дека Кристијано Роналдо не може да се помири со тоа што не ја доби наградата на ФИФА за најдобар играч, која отиде во рацете на неговиот некогашен соиграч Лука Модриќ.
Португалецот се навикна да добива индивидуални признаниа, а дека не му е сеедно што оваа година не заврши на тронот покажува и фотографијата која е објавена на официјалната Инстаграм страна на неговиот музеј.
Покрај фотографијата од ризницата на трофеите и медалите на Роналдо стои опис „Овие трофеи не може да се украдат, постои Аларм“, па изгледа како јасно да алудира на тоа дека Кристијано е „ограбен“ на овогодишниот избор.