Други спортови
Рубљов исфрлен од турнирот во Дубаи среде натпревар
Александар Бублик е првиот финалист на АТП турнирот во Дубаи, а до следната фаза стигна на крајно необичен начин, бидејќи на противникот во полуфиналето Андреј Рубљов му беше забрането да го продолжи дуелот со резултати 6:7 ( 4), 7:6 (5), 6:5 за Бублик.
Откако го загуби 11. гем во третиот сет, Рубљов му се развика на еден од линиските лица, а потоа еден од службените лица го пријави за употреба на несоодветен речник, поради што главниот судија на турнирот реагираше и му објасни на Рубљов дека не може да продолжи со дуел.
За Бублик ова ќе биде 11-ти настап во финале на АТП турнир, досега има четири титули, последната неодамна во Монпеље. Бублик во финалето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу носител и бранител на титулата Данило Медведев и Французинот Уго Хамберт.