Connect with us

Фудбал

Рудигер: Во Реал го напаѓаа еден Модриќ и Роналдо. Кој сум јас да биде поинаку?

Одличниот германски дефанзивец Антонио Рудигер даде интервју за шпанските медиуми каде зборуваше за времето поминато во Реал во кое пристигна минатата година од Челзи. Рудигер изјави дека за него Реал е најголемиот клуб во светот, а зборуваше и за притисокот од носењето на дресот на кралскиот клуб.

„Како да се справам со критиките? Многу едноставно. Овде критикуваа еден Роналдо, еден Бензема, еден Модриќ. Па кој сум јас да бидам поинаков, да не ме критикуваат?“, рече Рудигер и објасни зошто Реал е клубот над клубовите.

„Прво презентација. Со сета почит кон другите клубови, но тука се гледа разликата. Погледнете ја презентацијата на Кристијано или Бензема. Собата за трофеи, историјата во таа соба… тоа е неодоливо. Потоа, кога доживеав сериозна повреда во 2016 година, Флорентино Перез ми испрати писмо во кое ми посака брзо закрепнување. Не можев да поверувам. Сè уште го имам писмото, мајка ми го чува.

Моментот кога знаев дека можам да одам во Реал Мадрид беше кога го кренав трофејот во Лигата на шампионите со Челзи. Тогаш знаев дека можам да одам во Реал Мадрид. Во тој момент знаев.

Едноставно е, ако сакате да бидете на победничката страна, придружете се на Реал Мадрид. Имаше многу гласини дека ќе одам во ПСЖ, но јас не го сакав тоа. Немам ништо против ПСЖ, тоа е прекрасен клуб, но Реал Мадрид е Реал Мадрид“, изјави Германецот.