Connect with us

Фудбал

Се подготвува голема размена, само прашањето е кој добива повеќе, Јуве и Манчестер?

Францускиот играч од средниот ред Пол Погба би можел да се врати во Јувентус, кој подготвува богата понуда за Манчестер Јунајтед.

Во Јувентус се спремни да се откажат од услугите на „златното момче“ Паоло Дибала, кој во овој случај ви бил „мамка“. Покрај Дибала, Јуве е подготвен да додаде и одреден паричен износ.

Погба пред само две години во рекорден трансфер замина во Јунајтеде за 89. миниони фунти, а сега клубот е подготвен да го врати така што на Црвените ѓаволи ќе му го понудат Аргентинецот плус одреден паричен износ.

24-годишниот напаѓач не успеа да го задржи своето место во екипата на Алеги со доаѓањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, додека Погба на Олд Трафорд не секогаш е ѕвезда, а понекогаш е играч кој најмногу се критикува и се смета за бескорисен.

Моментално Французинот игра добро, но понудата на Јувентус би можела да биде сериозно разгледана на Олд Трафорд, па на крајот на краиштата и прифатен. Понудата на Старата дама е таква што веројатно ќе му одговара и на Мурињо, затоа што ќе го добие талентираниот Дибала и парични средства со кои ќе моше да донесе замена за Погба.

Планот на Јувентус е да го донесе Погба и додатно да го засили тимот кој со години ќе биде конкурент во Лигата на шампионите. И Погба и Дибала се на мета на Реал и Барселона, како и на други големи клубови, но размената на Јунајтед и Јувентус делува реално и навистина интересно.