Connect with us

Фудбал

Ширер за потегот на Рашфорд по поразот: Не ми е гајле дека бил неговиот роденден

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд го прослави својот 26-ти роденден откако неговиот тим на 29 октомври загуби од Манчестер Сити (0:3) во 10-тото коло од Премиер лигата. Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хег не беше задоволен од потегот на својата ѕвезда, но изјави дека Рашфорд се извинил што излегол по тешкиот пораз.

За ова зборуваше и еден од најдобрите англиски напаѓачи на сите времиња, Алан Ширер (53).

„Не ми е гајле што во саботата му беше роденден. Ако сте декласирани со 3-0 и сте играле ужасно, мора да останете дома“, рече Ширер на подкастот на „The Rest Is Football“.

„Колку пати ми се случило да имам ноќно излегување, но реков дека не можам да одам затоа што бевме поразени на натпреварот. Не можете да одите во град, во ноќен клуб ноќта кога вашиот градски ривали ве победи со 3:0. Маркус направи нешто глупаво. Без разлика дали ти е роденден или не, не можеш да излезеш кога ќе те прегазат“, додаде најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата со 260 гола, кои ги постигна за Блекбурн и Њукасл.

Рашфорд излезе од фудбалската школа на Јунајтед и целата своја кариера ја помина во клубот од Манчестер. Според Трансфермаркт, тој од 2016 година постигнал 124 гола на 373 натпревари. Сезонава има еден гол на 14 настапи. Манчестер Јунајтед е на осмото место во англискиот шампионат со 18 бодови. Сити е лидер со 27 бода, додека вториот Тотенхем има бод помалку со натпревар помалку.