Други спортови
Штајнер: Формула 1 не е Формула Мерцедес
Гинтер Штајнер, првиот човек на Хас во Формула 1, не се сомнева дека Луис Хамилтон ќе продолжи да вози за Мерцедес во наредните години.
„Која е другата опција за него? Не постои. Ред Бул ги стави сите карти на Макс Верстапен. Сосема оправдано. Мислиш ли сега би го донеле Луис пред Макс? Се разбира не. Се заземаат местата во сите екипи кои имаат амбиција да конкурираат за титулата. Значи, јасно е дека Луис ќе остане таму каде што е“, рече Штајнер.
Штајнер моменталните лоши резултати на Мерцедес ги гледа како сосема нормални.
„Не можете секогаш да победувате. Формула 1 не е Формула Мерцедес. Имаа осум одлични години, но ништо не трае вечно. Чудно ми е што не можат да се помират со тоа. Треба да се прегрупирате и да се обидете повторно, а не да барате да бидете најдобри „затоа што победивме осум пати претходно“. Истото важи и за Луис како возач“, заклучи Штајнер.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Азербејџан.