Фудбал
Синот на Шекил О’Нил итно на операција – секоја секунда на паркетот може да биде последна
Синот на Шекил О’Нил, 18-годишниот Шариф, има сериозни проблеми со срцето.
Шариф кој ова година требаше да започне на престижниот „UCLA“ универзитетот, ќе мора да ја пропушти првата кошаркарска сезона, затоа што за неговата состојба потребна е операција.
„Отриен ми е сериозен проблем со срцето. Секоја секунда на теренот можеше да ми биде последна. Нема да бидам во можност да играм кошарка, но сигурно ќе се вратам. Ова е мал чекор назад на мојот пат и нешто што морам да го пребродам. Здравјето ми е најважно“, кажа Шариф.
Операцијата на срцето О’Нил ќе ја има во наредните денови, а „UCLA“ остана без очекувањето засилување под кошот пред новата NCAA сезона.