Connect with us

Фудбал

Скандал во хрватскиот фудбал. Судијата удри играч, мораше да интервенира и полицијата

Натпреварот помеѓу Вињан и Јадран од Каштел Шуќурац го одбележа инцидент. Натпреварот одигран во рамките на Првата жупаниска лига на фудбалскиот сојуз на жупанија Сплит-Далмација падна во втор план кај заинтересираните откако вториот помошен судија Тома Галиќ предизвика скандал на крајот од натпреварот.

Како што е наведено во официјалниот записник на ХНС, морала да реагира и полицијата откако Галиќ со глава удрил играч на Вињан по враќањето во соблекувалната. Делегатот на натпреварот Анте Ујевиќ вака го опиша она што се случи по натпреварот:

„Однесувањето на малиот број гледачи беше коректно и спортско. Натпреварот сосема заслужено заврши со висока победа на гостите. По натпреварот при напуштањето на теренот гостите мирно го напуштија теренот. Додека главниот судија и неговиот помошник го напуштија поле, вториот помошен судија Тома Галиќ на пат кон соблекувалната го удри со глава домашниот играч бр.14, а тој не се предаде и не се смири, беше испровоциран.

Домашните играчи полетаа кон судијата, но останатите играчи и претставници на домашната екипа спречија дополнителни инциденти. Набргу потоа интервенирала и полицијата. Приемот и заминувањето на гостите беше фер и коректно. Судиската тројка мирно го напуштија игралиштето во Вињани Доњи“.

Натпреварот заврши со победа на гостите од 4:0.