Фудбал
Со пресврт во 96. минута Лајпциг стигна третото место во Бундеслигата
Во последниот натпревар од 32. коло на германското фудбалско првенство, РБ Лајпциг со пресврт на крајот од мечот го совлада Вердер Бремен со 2:1, скокајќи на третото место во Бундес лигата. Сите најважни работи се случија во последните 20 минути од натпреварот. Гостите поведоа во 70. минута со голот на Леонард Битенкур, но израмни Вили Орбан во 87. минута.
Во втората минута од судиското надополнување, Ерен Динкчи погоди за Вердер, но голот беше поништен поради офсајд. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Доминик Шобошлаи ја донесе победата за домашните во шестата минута од судиското надополнување. Кристофер Нкунку асистираше за двата гола на Лајпциг.