Connect with us

Фудбал

Со пресврт во последните минути Шалке оствари важна победа во борбата за опстанок

Фудбалерите на Шалке го победија со пресврт вечерва на свој терен Вердер со 2:1 во натпреварот од 30.коло на германската Бундес лига. Вердер поведе со голот на Марвин Дукш во 18. минута, но Сеп ван ден Берг во 81. и Доминик Дрекслер во втората минута од судиското надополнување му донесоа пресврт и победа на Шалке.

Шалке сега е на претпоследната, 17. позиција со 27 бодови. Бохум и Штутгарт му бегаат по еден, а Хофенхајм два. Клубовите кои ќе завршат на 17-то и 18-то место директно испаѓаат од лигата, додека оној од 16-тото место оди во плеј-офот за да остане. Вердер е на 12. место со 35 бодови.