Connect with us

Фудбал

Тежок пораз на Баерн: Сити славеше 3:0, Халанд испиша историја

Фудбалерите на Манчестер Сити се стекнаа со огромна предност пред реваншот во Минхен на 19 април. Избраниците на Пеп Гвардиола сосема заслужено го победија Баерн со 3:0.

Головите ги постигнаа Родри во 27. минута, Бернардо Силва во 70. минута и Ерлинг Холанд во 77. минута од натпреварот.

Најдобар момент на натпреварот беше водечкиот гол на Родриго по одличен удар од далечина.

Баерн имаше свои шанси, особено во вториот дел, кога поранешниот играч на „Граѓаните“, Лирој Сане сериозно се закани два-три пати, но Едерсон ја сочува неговата мрежа.

Во продолжението од мечот Халанд најпрвин нафрли на Бернардо Силва за вториот гол, а потоа и самиот ја затресе мрежата на Јан Зомер – 3:0.

Тоа беше 45-ти гол за Халанд во сезоната и тој стана нов рекордер на Англија за најмногу голови во една сезона во сите натпреварувања. Тој ги претекна Мо Салах и Руд ван Нистелрој.

Во вториот натпревар во Лисабон, Интер победи со 2:0.

Николо Барела во 51. минута од натпреварот го отвори резултатот, а Ромелу Лукаку во 82. минута од пенал ги постави конечните 2:0.

Реваншите се закажани за 19 април.

Во среда се закажани првите натпревари помеѓу Реал Мадрид – Челзи и Милан – Наполи.