Фудбал
Тотенхем ја сака легендата на Сити за нов тренер
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани (37) е првиот избор на Тотенхем за наследник на Антонио Конте, кој си замина минатиот месец, пренесуваат британските медиуми.
Поранешниот капитен на Манчестер Сити оваа сезона го предводеше второлигашот Барнли, кој на шест кола пред крајот се промовираше во ново-стар премиерлигаш. Многу експерти го прогласија тимот на Компани за најдобар што некогаш играл во популарниот шампионат.
Vincent Kompany is Tottenham's 'first choice to takeover in the summer' https://t.co/B2ca5LFcfo
— MailOnline Sport (@MailSport) April 13, 2023
Сепак, Тотенхем стана само еден од неколкуте клубови, кои би сакале да го видат Белгиецот на својата клупа ова лето. Претседателот на Спарси, Даниел Леви, не го криеше својот ентузијазам за начинот на кој Компани го врати Барнли во Премиер лигата, бидејќи тимот играше атрактивно и динамично.
Иако првиот човек на Тотенхем минатиот месец изјави дека Компани е на списокот на неговиот клуб со потенцијални нови менаџери, заедно со поранешниот шеф на Баерн, Јулијан Нагелсман и Рубен Аморим од Спортинг, сега се наведува дека тој признал дека Белгиецот е фаворит за оваа функција.
Според последните информации, Тотенхем доби брилијантни критики за однесувањето и карактерот на Винсент и во таа смисла го сметаат за човек кој може да го трансформира клубот.
Компани беше капитен на Манчестер Сити, ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига купа.