Connect with us

Фудбал

Црногорците ги изненадија Бугарите и победија на отворањето на квалификациите

Репрезентацијата на Црна Гора со победа од 1:0 на гостувањето против Бугарија ги отвори квалификациите за ЕП. Црногорците не беа фаворити на овој натпревар, но успеаја да дојдат до вредни три бода и така барем за кратко го зазедоа првото место во групата Г. Единствениот гол на натпреварот го постигна Никола Крстовиќ во 70. минута.

Откако топката беше одземена во центарот, Владимир Јововиќ го принуди бугарскиот голман да излезе на него и го проигра Крстовиќ, кој погоди во празна мрежа.

Во групата Г вечерва играат уште Србија и Литванија. Во истата група е и Унгарија, која во понеделник ќе игра против Литванија.