Фудбал
УЕФА го истражува трансферот на Кристијано Роналдо
Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го истражи трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
Старата дама за 110 милиони евра во своите редови го донесе најдобриот играч на светот, но околностите околу трансферот ги заинтересира и УЕФА.
Одлучено е да се истражи овој трансфер. УЕФА сака да дознае дали се било во склоп на финансискиот фер плеј или се прекршени одредени правила.
Јувентус покрај 110 милиони евра на Реал Мадрид, на Роналдо му даде плата од 30 милиони евра годишно, а Старата дама на засилувања вкупно потрошила скоро 250 милиони евра.
Ако се открие дека имало неправилности околу трансферот торинскиот клуб би можел да сноси последици, но со оглед на тоа што го прават другите екипи тешко е да се очекува дека ќе му биди изречена некоја голема казна.