Фудбал
Валверде може да се соочи со сериозна казна
По натпреварот помеѓу Реал и Виљареал во Мадрид, Федерико Валверде го удри Алекс Баена во лицето.
Шпанските медиуми пишуваа дека Валверде бил испровоциран од грдите коментари на Баена за нероденото дете, но фудбалерот на Виљареал ги демантираше тие наводи.
Утрото потоа, Виљареал вели дека ќе оди на суд доколку Баена го сака тоа.
Постојат неколку сценарија за тоа што ќе се случи понатаму, секако во зависност од тоа што ќе одлучи Баена.
Секако, во судискиот извештај не се споменува овој инцидент бидејќи се случи по крајот на натпреварот, но сето тоа се случи внатре во стадионот.
Дисциплинската комисија не поведува вакви случаи по службена должност, но доколку биде поднесена пријава ќе биде поведена истрага.
Од Виљареал тврдат дека фактите се неспорни, дека има сведоци за се што се случило, но и дека имаат видео на кое се гледа моментот кога е погоден Баена. Во случај Баена да одлучи да поднесе обвинение, Валверде би можел да биде строго казнет од самата лига.
Друго сценарио е она во кое Баена поднесува полициска пријава, што би иницирало кривична истрага. Во тој случај целиот случај би бил пред суд и Валверде би можел да избегне и спортска казна.
Во третата варијанта ниту Виљарала ниту Баена не би поднеле тужба и се би останало само во пишувањата на медиумите за целата ситуација која се случи.
Исто така, можно е дури и полицијата која била присутна на стадионот да го добие видеото (или можеби веќе го има) и да го покрене случајот пред обвинителството. Во таа варијанта Валверде би можел да ја добие најстрогата казна.