Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фирмино се „претвори“ во Едгар Давидс и дојде на тренингот на Ливерпул

Роберто Фирмино апсолутно е херој на Ливерпул откако го постигна победничкиот гол за 3:2 против ПСЖ во последните минути од натпреварот.

Меѓу Редсите владее позитивна атмосфера, а тоа можеме да го видиме и од тренингот на оваа екипа, на кој Бразилскиот напаѓач се појави со заштитни наочари, со кои неодоливо потсетува на легендарниот Холанѓанец Едгар Давидс.

Фирмино мораше да побара заштита за своите очи откако во саботниот натпревар од петтото коло во англиската Премиер лига заработи незгодна повреда на окото во дуелот со Јан Вертонген.

Инаку, Бразилецот е познат и по своите „no look“ голови кои ги постигнува без гледање па и во тоа можеме да најдеме симболика за неговата прослава на голот против ПСЖ.

Inside Training ?

"Edgar Davids is back" ?Roberto Firmino is back to business ? That flick ??

Gepostet von Liverpool FC am Donnerstag, 20. September 2018