Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер на одличен начин се присети на победата над Тотенхем

Интер на свој терен со пресврт дојде до победа над Тотенхем со 2:1 и со победа го започна настапот во групата Б од Лигата на шампионите каде уште се наоѓаат и Барселона и ПСВ.

Големата победа на Интер се уште се слави меѓу фановите на овој клуб, а посебно изненадување им подготвиа администраторите на официјалната Твитер страна на Интер кои победата на Интер над Тотенхем ја претставиа како „8-Bit“ играчи.

Така на навистина интересен начин ги прикажаа головите на Икарди и Весино, со кои Интер во финишот од натпреварот дојде до првите три бода.

Инаку, последната победа на Интер во Лигата на шампионите беше против Марсеј (2:1) во почетокот на 2012. година.