Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како Френк Лампард ја прослави својата најголема тренерска победа

Некогашниот англиски фудбалер Френк Лампард синоќа ја оствари најголемата тренерска победа во својата кариера.

Лампард во текот на летото ја прифати понудата да го преземе Дерби со кој бележи одлични резултати во Чемпионшип, а круната беше победата над Манчестер Јунајтед во 1/16 финале од Карабао Купот.

Френк се најде очи во очи со Жозе Мурињо, човек кој некогаш со години го тренирал и со кој ги постигна најголемите успеси во Челзи во клупската историја и успеа да го надмудри и со својата екипа да оди на пенали.

Лампард пред неполни пет дена пред натпреварот со Јунајтед по трет пат стана татко, а триумфот над Јунајтед е само круна на неговата среќна приказна. Во меѓувреме за викендот го победи Брентфорд во лигата, па моѓе да се каже дека Френк ги доживува најубавите денови.

Покрај се, тоа се гледа и по неговата реакција по навршувањето на натпреварот.

https://twitter.com/TheBlues___/status/1044702303155113985