Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Минимална победа за Шалке, „дожд“ од голови во Париз

Шалке ја забележа првата победа во оваа сезона од Лигата на шампионите на гостувањето кај Локомотив Москва.

Во првото полувреме од натпреварот се играше доста смирено, се чекаше грешка на противникот, поседот на топката му припадна на Локомотив Москва, но сепка не се создадоа некои посериозни шанси за гол и резултатот остана 1:0.

Пресудниот момент се случи кон крајот на второто полувреме, кога во 88. минута, по нафрлувањето од корнер Вестон МекКени со глава ја затресе мрежата на Локомотив Москва.

ПСЖ навистина беше голем фаворит во овој натпревар, а тоа на крајот и го оправдаа на теренот.

Звезда солидно го започна натпреварот и првите 15 минути ги одигра добро. Потоа започнаа шансите на домаќинот. Прво се обиде Мбапе и тоа во два наврати, но не беше прецизен, па во 20. минута Нејмар со одличен гол од слободен удар му донесе предност на домаќинот.

Само две минути подоцна истиот играч повторно погоди за ПСЖ и ја зголеми предноста на 2:0. ПСЖ и покрај водството од 2:о не престана со нападите кон голот на гостите. Ѕвездите на ПСЖ потполно се разиграа, а најмногу шанси имаа Нејмар и Мбапе. Сепак, Кавани беше тој кој го постигна следниот гол, па веднаш потоа и Ди Мариа. 4:0 беше конечниот резултат во првиот дел.

Второто полувреме со одличните шанси за Мбапе и Нејмар, но Борјан доминираше на голот на Звезда. Потоа следуваше нешто посмирена игра, па од прекин домаќинот создаде одлична акција која ја заврши Мбапе и зголеми на 5:0. После тоа се пробуди и Звезда, која одработи една одлична акција и Марко Марин ја затресе мрежата на Домаќинот за 5:1.

Сепак, набрзо потоа Нејмар од слободен удар ги постави конечните 6:1.