Други спортови
ВИДЕО: Погледнете како бикот истрча на теренот и ги натера играчите панично да бегаат
Рагбистите на Каталонските Змејови и Св. Хеленс биле принудени да го прекинат загревањето пред натпреварот и почнале панично да бегаат од теренот и да ја прескокнуваат оградата меѓу гледачите откако бикот излегол од контрола и почнал да трча низ тревникот. За среќа, тој се смири без да направи штета и беше изнесен од теренот без последици, а натпреварот и покрај шокантното отворање се одигра нормално.
Инцидентот се случи затоа што сопственикот на Змејовите, Бернард Гауш, сопственик на локална фабрика за преработка на месо, мислеше дека би било одлична идеја да ги прошета трите наградени бикови и двете крави околу страната на теренот пред почетокот на натпреварот. Веројатно исплашен од вревата и бројноста на луѓето, а можеби и од идејата за иднината што сопственикот на клубот ја има за него, еден бик решил да истрча на теренот.
Најпрво го влечеше човекот кој се обидуваше да го задржи неколку метри, а потоа почна да трча по тревникот, на ужас на играчите на двата тима, кои се распрснаа на сите страни. Сепак, паниката не траела долго бидејќи животното се смирило и им дозволило на сопствениците да го однесат.
WOW!!
The new warm up at @DragonsOfficiel have really been spiced up at home this season!!!#Bullsintown #SkyRL pic.twitter.com/IwYM2xqYT5
— Sky Sports Rugby League (@SkySportsRL) May 5, 2023