Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Влаховиќ претрпе расистички навреди. На крајот од натпреварот им се одмазди на навивачите

Душан Влаховиќ одигра 108 натпревари за Фиорентина, постигна 49 гола и осум пати асистираше пред да пристигне во Јувентус минатата година во трансфер вреден 81,6 милиони евра. Српскиот напаѓач своевремено беше миленик на навивачите на Фиорентина, но вчера повторно беше мета на нивните навреди.

Јувентус ја победи Фиорентина со 1:0 во вчерашниот натпревар од 11. коло на италијанската Серија А, а Влаховиќ влезе на теренот во 68. минута. На средбата во Фиренца никако не се истакна, ако не се брои фактот дека беше мета на истите луѓе кои не така одамна го скандираа неговото име и го бодреа.

На српскиот напаѓач присутните му довикнаа дека е „Циган“ и го навредуваа, но тој немо го издржа. Тоа е смени на крајот од мечот кога на нов налет на расистички извици, тој се сврте кон навивачите на својот поранешен клуб и им рече: „Следниот пат победете“.