Connect with us

Фудбал

Во соблекувалната на Јунајтед „бунтовничка група“: На страната на Погба застанаа тројца соиграчи

На Олд Трафорд се создава токсична атмосфера. Односите помеѓу играчите, но и на релација играчи – стручен штаб се’ се по напнати околу Пол Погба и тренерот Жозе Мурињо.

Изгледа дека анимозитет на сите релации се шири низ соблекувалната на Манчестер Јунајтед, а сега британскиот „Daily Mail“ известува дека во таборот на Црвените ѓаволи се формира „бунтовничка група“ откако на страната на Пол Погба застанаа уште тројца фудбалери на Јунајтед.

Најголеми „сојузници“ на Погба се Антони Марсијал и Ерик Баили. Неговиот сонародник Мартиал беше на мета на трансфер шпекулации ова лето откако падна во втор план кај Мурињо, а работите дополнително ескалираа кога го снема од пред сезонската турнеја на Јунајтед. По враќањето во екипата парично беше казнет.

Дел од „бунтовничката група“ е и дефанзивецот Ерик Баили кој веќе не е прв избор на Мурињо. Кога поради здравствени проблеми мораше да паузира во минаата сезона, Баили го загуби статусот на стартер.

На страната на Погба застана и Андреас Переира кој шанса за игра од Мурињо добива на крајот и одамна се шпекулира дека е незадоволен.

Ако само мал ден од она што се пишува за Јунајтед и расправијата на Погба и Мурињо се точни, на Олд Трафор е навистина напнатно…