Фудбал
За еден час на теренот, Халанд пет пати ја затресе мрежата на Лајпциг
Манчестер Сити и Лајпциг во моментов го играат реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите. Англичаните имаат висока предност од 6:0.
Меѓутоа интересно е тоа што од шесте голови на Сити, Халанд пет пати ја затресе мрежата на противникот од Германија. Тој беше прецизен во 22. 24. 45+2. 54. и 57. минута од натпреварот пред да биде заменет во 63. минута од натпреварот.
Според ова додека бил во игра, Халанд во просек на секои 12.5 минути ја тресеше мрежата на Лајпциг. Замислете што би можело да се случи доколку останеше во игра до самиот крај на натпреварот.