Connect with us

Други спортови

Загрижувачко видео од тренингот на Рафа пред РГ

На 22 мај започнува Ролан Гарос, Грен слем турнирот кој Рафаел Надал го има освоено 14 пати, а многумина размислуваат дали тенисерот од Балеари ќе настапи во Париз. Надал има големи проблеми со повредите, поради што моментално не игра на Мастерсот во Рим, натпреварување во кое доминираше во последните 15 години.

Сепак, на социјалните мрежи кружат видеа од неодамнешните тренинзи на Рафа, а на едно од нив се гледа како Надал со очигледни болки го напушта теренот. Тој беше придружуван од тренерот Карлос Моја и остатокот од тимот со кој ги освои 22-те гренд слем титули.

Колку Надал ќе биде подготвен за натпреварувањето останува да видиме во следните десет дена. Јасно е дека 14. играч во светот, дури и во доцната фаза од кариерата, претставува огромна закана за секој ривал на Ролан Гарос, турнир на кој има нереален скор 112-3.

Титулата од Париз ја брани Надал, кој во 2022 година лесно го совлада Каспер Руд во финалето .