Фудбал
Зидан го советуваше Мбапе да се пресели во Реал Мадрид
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му порача на напаѓачот ПСЖ Килијан Мбапе кариерата да ја продолжи во „Кралскиот клуб“, објавија шпанските медиуми.
Како што се наведува, Зидан разговарал со Мбапе во Лондон пред церемонијата на доделување на наградата за најдобар играч на годината според ФИФА.
-Килијан, мора да играш за Реал Мадрид, биле зборовите на Зидан упатени кон талентираниот играч.
19-годишнито Мбапе кариерата ја почна во Монако од каде направи трансфер во Пари Сен Жермен.
Од 2017 година член е на сениорската репрезентација на Франција за која досега има одиграно 24 натпревари и постигнато девет гола.