SPORTM.mk
Барселона наскоро ќе официјализира големо засилување
Барселона следната сезона ќе доживее големи промени во играчкиот кадар.
Со Каталонците се поврзуваат голем број играчи, а медиумите во Шпанија пренесуваат дека нов член на овој клуб ќе биде играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер.
Солер има 25 години, а трансферот ќе ја чини Барселона 20 милиони евра.
Барселона ќе го продаде Френки де Јонг за 70 милиони евра, а на негово место ќе дојде Солер.
Солер порасна во Валенсија, а оваа сезона забележа 34 настапи во Лигата и Купот, додавајќи 12 гола и пет асистенции.
Тој во шест наврати го носеше и дресот на шпанската репрезентација.