SPORTM.mk
Дефанзивецот на Барселона од синоќа е најголемиот непријател на градскиот ривал: Ова никогаш нема да му се прости
Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо (22) имаше жесток конфликт со играчите и стручниот штаб на градскиот ривал Еспањол за време на натпреварот кој заврши со резултат 2:2.
Бекот на „Камп Ноу“ поради повреда го напушти мечот на полувремето, но даде се од себе за да стане голем непријател на градскиот ривал.
Тој за време на натпреварот стана од клупата и им викаше на противничките фудбалери од другата страна:
„Врати се во друга лига.
ARAUJO DICIÉNDOLES QUE SE VAN A SEGUNDA. ES MI PUTO PADRE!?❤️ pic.twitter.com/wA7BhYKUol
— Ferranismo (@Ferranismo19FCB) February 13, 2022
Тоа ја испровоцира клупата на домашниот тим, но и навивачите, а Араухо се почести со жестоки пцовки.
На крајот решил да се извини за својата постапка.
„Сакам да им се извинам на сите за она што го направив синоќа. Сето тоа беше предизвикано од тензиите околу дербито. Јас сум личност која ги почитува моите ривали и жал ми е за тоа што се случи“, изјави Араухо.