SPORTM.mk
Додека Ѓоковиќ го растураше Медведев, на трибините се случуваше вистинска драма (ВИДЕО)
Финалето на Австралија опен меѓу Новак Ѓоковиќ и Даниил Медведев се играше пред малку поголема публика отколку на претходните натпревари.
И додека српскиот тенисер доминираше против Русинот, вистинска драма се случуваше на трибините на централниот терен.
За време на вториот сет, обезбедувањето исто така мораше да реагира и присилно протера одредена група демонстранти.
Засега не е познато за кого станува збор, но еден од демонстрантите носеше маица со натпис „Ослободете ги сите“.
На крајот, демонстрантите беа отстранети од трибините, а Ѓоковиќ и Медведев не обрнаа премногу внимание на тоа што се случуваше на трибините.
Refugee protest on RLA mid point. They played let. pic.twitter.com/J8HAQ4IXTd
— ? (@returnwinner) February 21, 2021
За потсетување, Србинот славеше со убедливи 3-0 и со тоа стигна до својот 18-ти грен слем турнир.