Connect with us

SPORTM.mk

Гвардиола го доби најголемото засилување за следната сезона, Кевид де Брујн одлучи да потпише нов договор

Иако тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е во потрага по засилувања, сепак се чини дека го доби најголемото. Имено, Кевин де Брујн кој важи за еден од клучните играчи на Сити во изминатите неколку сезони одлучи да потпише нов договор. Информацијата ја објави самиот англиски клуб на своите социјални мрежи.

-Откако дојдов во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, мојата фамилија се прилагоди тука во Манчестер и мојата игра се разви навистина многу добро, вели Кевин Де Брујн.

Новиот договор е со важност до 20254-та година.