Connect with us

SPORTM.mk

Хавиер Маскерано и официјално ја доби својата прва тренерска работа

Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано се впушта во тренерска авантура.

Поранешниот аргентински репрезентативец стана селектор на У-20 репрезентацијата на Аргентина, што го потврди и фудбалскиот сојуз на јужноамериканската земја.

Тоа ќе биде прва тренерска работа за Маскерано, кој има одиграно повеќе од 100 натпревари со националниот тим. 37-годишниот Маскерано ќе го замени Фернандо Батиста од почетокот на 2022 година.

По долга кариера во Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес, Маскерано се пензионираше во ноември 2020 година.

Зад себе има извонредна играчка кариера, а аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) верува дека сега како тренер ќе има многу успеси, а работата со млади играчи е нешто што самиот Машернао отсекогаш го посакувал.

Нема сомнеж дека има што да им пренесе на помладите генерации и дека самите овие играчи ќе бидат воодушевени од тоа што ќе ги тренира поранешен играч на Ливерпул и Барселона.