SPORTM.mk
Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
Шпанскиот фудбалер Хуан Мата (33) ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед за уште една сезона.
Искусниот 33-годишен играч за врска се согласи да ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“, а клубот го официјализираше договорот денес.
Мата пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари 2014 година од Челзи за 46 милиони евра.
Во тимот од Театарот на соништата, шпанскиот фудбалер одигра 273 натпревари и постигна 51 гол, и освои четири трофеи.
2️⃣0️⃣2️⃣2️⃣ ?
? @JuanMata8 has extended his stay at United! ?#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 2, 2021
Пред Манчестер Јунајтед, овој искусен фудбалер играше за Челзи, Валенсија и младинските категории на Реал Мадрид.
Тој одигра 41 натпревар за репрезентацијата на Шпанија и постигна 10 гола во периодот од 2009 до 2016 година.