SPORTM.mk
Ибрахимовиќ се понуди, но беше одбиен!
Ако може да се каже дека некој е како вино, тогаш тоа е дефинитивно Златан Ибрахимовиќ кој игра одлично дури и на 39 години.
Ибрахимовиќ пред неколку дена објави фотографија во дресот на шведската репрезентација со опис „Одамна не сме се виделе“.
Популарниот Ибра понуди повторно да игра за репрезентацијата на Скандинавија, но шведскиот селектор Андерсон го игнорираше.
Имено, Андерсон денес го објави списокот на поканети играчи за натпреварите против Данска, Хрватска и Франција, а напаѓачот го немаше на списокот.
? Jannes trupp till novembersamlingen
??-?? 11 november (Träningslandskamp)
??-?? 14 november (Nations League)
??-?? 17 november( Nations League)#viärsverige pic.twitter.com/9NsYfYmAfs— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) November 4, 2020
Беа поканети вкупно 25 играчи, а најпознати имиња секако се Емил Форсберк, Александар Исак, Викотр Линделоф и Дејан Кулушевски.