SPORTM.mk
Играше за Манчестер Сити, а сега продава опрема за риболов
Чудни се приказните човечки и судбини, но и одлуките што се носат. Таков пример е со поранешниот мексикански фудбалери Нери Кастиљо. Се пензионираше на 30 години, во 2014-та година, а сега има продавница за продажба на опрема за риболов. И самиот се занимава со спортски риболов и вели дека ужива во тоа.
-Се пензионирав на 30 години од фудбалот, бидејќи не се чувствував среќно. Одлучив да се посветам на бизнисот. Едноставно повеќе не бев заинтересиран за фудбалот. Имаше понуди по завршувањето на кариерата, но знаев што е мојата иднина, а тоа е спортскиот риболов, вели Кастиљо.
Нери е син на Кастиљо Фариас, кој играл за Олимпијакос. Нери на 16 години пристигнал во Грција, а кариерата која ја почна во Дабубио во Уругвај, ја продолжи во Олимпијакос.
Откако „експлодираше“ за грчкиот тим направи трансфер во Шахтјор, од таму замина во Манчестер Сити, а играше за Дњипро, Чикаго, Пачука, Леон и Рајо Велјекано, каде во 2014-та ја заврши кариерата. Иако неговиот татко е Уругваец, сепак тој го носеше репрезентативниот дрес на Мексико, земјата во која е роден.