SPORTM.mk
Има „вграден“ катапулт во рамото: Многумина не го можат со нога тоа што „голманот-робот“ го прави со рака (ВИДЕО)
Алиреза Бејранванд е анонимен за многу љубители на фудбалот, барем до пред некој ден.
29-годишниот е репрезентативец на Иран, моментално брани во Боависта како играч на Роајл Антверпен, а пред неколку дена неговото презиме влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Бејранванд уште во 2016 година имаше неверојатно фрлање со топката со рака која помина две третини од фудбалскиот терен.
Пет години подоцна, конечно беше пресметано дека Иранецот ја фрли топката со импресивни 61,26 метри, што и официјално е најголемата должина во историјата на фудбалот.
Се чини дека Бејранванд има вграден катапулт во неговото рамо бидејќи може да ја фрла топката со раката подолго отколку што многу негови колеги можат да ја шутнат.
??????? ????????? ?? ???????? ????? ???????!??
O guarda-redes entrou para o livro de recordes pelo lançamento de bola mais longo com a mão num jogo oficial ⚽
? https://t.co/6xFtINmY5C#BoavistaFC #AlirezaBiranvand #GuinnessWorldRecords pic.twitter.com/64qyUCEN8W
— Boavista FC (@boavistaoficial) November 25, 2021
Голманот на иранската репрезентација на почетокот на неделава и официјално беше примен во Гинисовата книга на рекорди, а тоа признание го доби на еден од тренинзите.
„Најдолгото фрлање на фудбалска топка во натпреварувачки натпревар е 61 метар 26 мм и го постигна Алиреза Бејранванда, која бранеше за Иран против Јужна Кореја на стадионот „Аради“ во Техеран на 11 октомври 2016 година“, пишува на постерот.
Неговата животна приказна е доста емотивна. Како тинејџер побегнал од дома за да си го исполни сонот да стане професионален фудбалер. Извесен период бил и бездомник.
???????? ????? ??????? here we go! ??
Parabéns, Alireza Biranvand! ?
?? رکورد جهانی در کتاب گینس
تبریک علیرضا بیرانوند عزیز ?? https://t.co/6xFtINmY5C#BoavistaFC #AlirezaBiranvand #GuinnessWorldRecords #OrgulhoAxadrezado pic.twitter.com/o90hCA0t5t
— Boavista FC (@boavistaoficial) November 25, 2021
Работеше многу работи за да врзе крај со крај, во 2011 година дебитираше за иранскиот тим Нафт Техеран. Три години подоцна почна да брани за репрезентацијата, а на СП 2018 му го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо.
Во Европа пристигна во 2020 година кога потпиша за белгискиот тим Ројал Антверпен, оваа сезона брани на позајмица во Боависта, Португалија.