SPORTM.mk
Италијанците го најдоа значењето на зборот „балија“, но сепак веројатно ништо не им е јасно
Златан Ибрахимовиќ беше навреден синоќа на „Маракана“ додека седеше на трибините за време на мечот меѓу Црвена звезда и Милан во 1/16 финалето од Европската лига.
Регионалните медиуми од синоќа пишуваат за навредите што ги доживеал шведскиот напаѓач на Маракана. Во фокусот беа зборовите „смрдлива балија“, кои беа упатени кон Ибрахимовиќ.
На жителите во земјите од поранешна Југославија не им е потребен никаков превод или објаснување за „Балија“, но Италијанците мораа да се обидат да ја пронајдат вистинската дефиниција за таа навреда.
Италијанскиот портал Фудбал-Италија објави објава од Твитер на Арнезе Бушужмиќ-Кустура во која го објаснува значењето на спорниот збор.
„Балија е етничка навреда за Бошњаците што српските националисти ја користат како најголема навреда со години“, објасни Арнеса, што веројатно сè уште ги држи Италијанците и многу други низ цела Европа во дилема, каква врска има сето ова со Ибрахимовиќ, кој е Швеѓанец во нивните очи без оглед на потеклото.
Jarring video of Zlatan Ibrahimovic, who is ethnically Bosnian, being harassed and having ethnic slurs spewed at him at the Red Star Belgrade game.
“Balija” is an ethnic slur for Bosniaks that’s been used for years by Serb nationalists especially as one of the biggest insults. pic.twitter.com/W5yB0Xuknn
— Arnesa Buljušmić-Kustura (@Rrrrnessa) February 19, 2021