SPORTM.mk
Кавани во Интер, Запата во Атлетико Мадрид
Дуван Запата и помогна на Аталанта да стане одлична во последните две сезони благодарение на физичката сила и мирисот за голот.
Меѓутоа, ако дојде вистинската понуда, тој ќе може да ги збогати ковчезите на клубот.
Претседателот Перкаси бара 60 милиони евра за него, но тоа не ги исплаши клубовите што се интересираат за Колумбиецот.
Една од овие екипи е Атлетико Мадрид, кој го сврте погледот од sвездата на Бергамо, откако Единсон Кавани објави дека преферира трансфер во Интер.
Според „Спорт медијаст“, тренерот Симеоне ги разгледува карактеристиките на трансферот.
Од друга страна, оваа година и покрај првиот дел од сезоната условена од повреда што го држеше настрана 3 месеци, Запата успеа да остави белег во Италија и Европа.
11 гола на 15 натпревари во лига и 1 на 4 во ЛШ. Гаранција која е многу популарна надвор од Италија.