SPORTM.mk
Кавани во Реал Мадрид во јануари?
Единсон Кавани во моментов е дел од Манчестер Јунајтед, но неговата кариера би можела да биде продолжи во Мадрид. Уругвајскиот претставник признаа за шпанските медиуми дека 34-годишниот фудбалер може да слета уште во јануари на „Сантијаго Бернабеу“.
Тоа е само можност, но лесно може да стане реалност за неколку месеци.
Кавани пристигна во „црвените ѓаволи“ минатата сезона по седум последователни години поминати во ПСЖ. Иако минатото лето се споменуваше за негово можно заминување од „Олд Трафорд“, англискиот клуб го задржа уште една година.
Но, доаѓањето на Кристијано Роналдо, го затемна Кавани, па се отвора друго сценарио.
Кавани играше многу малку во оваа рана Премиер лига и Лига на шампиони. Се уште не е активиран цели 90 минути. Оваа сабота играше од старт против Евертон, имаше значаен удар со глава и беше заменет во 57. минута со Кристијано.
Тој веќе замина во својата татковина за да го даде својот придонес како претставник во квалификациите за СП.
„Фудбалот е многу динамичен. Треба да почекаме до јануари, но можеби сонот на Единсон да игра во Шпанија конечно може да се реализира со неговото приклучување кон Реал Мадрид“, изјави претставникот на Кавани.