SPORTM.mk
Клоп: Како играме? Како да сме во брак
Во 2. коло од Лигата на шампионите, Ливерпул синоќа го совлада Митјиланд со 2:0, но „црвените“ не се истакнаа.
За тоа е свесен и Јирген Клоп, германски стручњак на клупата на Ливерпул.
„Тешка вечер. Она што се случува со нашата игра е како брак. Има добри моменти, но и лоши. Сега не е лош момент, но не е ни добар. Беше тешка игра, но победата од 2:0 е сосема нормална, па да продолжиме“, рече Клоп.
Поради повреда во 30. минута, Клоп го загуби Фабињо, а германскиот стручњак објасни каква е повредата.
„Го загубивме во првото полувреме. Тоа беше голем шок за тимот, но добро се справивме. Последно што ни требаше е повредата на Фабињо. Тој почувствува мала болка во пределот на главата, па затоа не ризикувавме, но тој ќе направи детални прегледи по кои ќе знаеме повеќе. Очигледно ситуацијата не е баш одлична“, заклучи Клоп.