SPORTM.mk
Кој би рекол дека е таков? Начинот на кој Анчелоти ја освои својата сегашна сопруга беше „фраерски“
Карло Анчелоти има нова шанса за голем трофеј бидејќи со Реал Мадрид ќе игра ново финале во Лигата на шампионите.
Ова е втор мандат на Италијанецот на клупата на кралевите, а првиот ќе остане засекогаш запаметен по тоа што на Реал Мадрид му ја донесе десеттата титула во Лигата на шампионите.
Пред осум години Анчелоти мина посебен период во Мадрид бидејќи вторпат влегува во брачните води, но овој пат со Маријана Барен.
Успешниот тренер беше во брак со Луиса Џибелини 25 години, а таа почина неколку дена пред Анчелоти да се врати во Реал, поточно во мај минатата година.
Анчелоти од претходниот брак има две деца, Катиу и Давиде кој е и негов помошник, додека неговата сегашна сопруга ја има 24-годишната ќерка Чоли.
View this post on Instagram
Неговата љубовна приказна со Маријана започнала кога Анчелоти вечерал во ресторан во Лондон и пришол на жена која седела спроти неговата маса со друг маж.
„Ќе ми бидеш жена еден ден“, ѝ рекол Анчелоти. „Секако, донеси го прстенот следниот пат“, одговори Маријан тогаш. Свадбата се одржа во 2014 година во Монтреал.
Сопругата на Анчелоти е позната по тоа што не се појавува често во јавноста. Држи низок профил и бега од камери, а интересно е што одлично заработува.
51-годишната девојка е многу успешна во деловниот свет, каде што е ангажирана како консултант во неколку компании, меѓу кои и банката Баркли.